Барај
Close this search box.

Настан „RESTART – Да го оживееме спортски“

Младински образовен форум Ве поканува на настанот „RESTART – Да го оживееме спортски“ кој ќе се одржи на 04.03.2014 (вторник) со почеток во 19:00 часот во Центарот за балканска соработка ЛОЈА. Целта на настанот е да се прикаже состојба во која се наоѓа спортскиот центар во Тетово, да се испрати апел до граѓаните и општината и да се предложат на идни решенија за овој проблем.

Настанот ќе биде отворен со изложба со фотографии преку кои се прикажува состојбата на спортскиот центар. На настанот ќе биде прикажан краткометражниот филм „RESTART“ во режија на Глигор Кондовски. По филмот ќе следи дискусија со присутните гости која ќе ја водат: Зоран Јовановски – ТВ Менада и Светлана Сиљјаноска – поранешен спортист.

Локалната акција „RESTART“ се спроведува од страна на членовите на Медиа/арт кубот на Младински образовен форум од Тетово.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: