

Истражувањето се осврнува на имплементацијата на студиската програма за стипендирање на студии на универзитети кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа и последователниот пат на стипендистите кои ги завршиле своите студии со помош на оваа стипендија. Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции, а во насока на подобрување на нејзината имплементација и подобро користење на човечкиот капитал кој се создава преку оваа стипендиска програма. Авторки на истражувањето се Сања Божовиќ Стојкоска, Јоана Тренеска и Луција Чукеловска.



Доколку сакате да присуствувате на настанот, Ве молиме најавете го своето присуство до 23 јуни 2024 година (недела) на следната меил адреса:
lucija_chukelovska@mof.org.mk

Агенда:
12:00 – 12:30 – Регистрација
12:30 – 12:45 – Отворање на настанот
12:45 – 13:15 – Презентација на клучните наоди и препораки од истражувањето
13:15 – 13:45 – Прашања и дискусија за наодите од истражувањето
13:45 – 14:30 – Коктел
12:00 – 12:30 – Регистрација
12:30 – 12:45 – Отворање на настанот
12:45 – 13:15 – Презентација на клучните наоди и препораки од истражувањето
13:15 – 13:45 – Прашања и дискусија за наодите од истражувањето
13:45 – 14:30 – Коктел
Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Генерална организациска поддршка на Младински образовен форум“ овозможен со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.