Во соработка со Националното студентско тело на Република Северна Македонија и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Ве покануваме на овогодинешниот настан посветен на Меѓународниот ден на студентите!


️ Регионална Станица студентска – утро исполнето со три панел-дискусии на теми:

„Ретроспектива на студентското организирање на УКИМ

„Интеруниверзитетска соработка и студентско организирање“

„Регионална соработка и студентско организирање“

Паралелно на панел дискусиите, организираме саем на студентски и младински организации, со цел промоција на нивните активности пред студентите.
На овој панел ќе се отвори дијалог за потребата од реформи во високото образование и воведувањето интердисциплинарни студии за подобро подготвување на студентите за иднината.


Финално, студентскиот дух ќе се преслика и во целовечерен културен настан за вмрежување и забава во ЛАБОРАТОРИУМ на кој, дополнително, ќе биде лансирана и платформата за Студентска работа – Линкер“.