Национално дебатно првенство 2010

На 24 и 25 април 2010 година во просториите на СМУГС “Панче Караѓозов’’ се одржа Национално Дебатно Првенство 2010 во организација на Младински образовен форум. На првенството земаа учество 22 екипи од 7 града од Македонија. Дебатерите средношколци имаа можност да дебатираат и да разменат мислења на темата “In some cases, juveniles should be tried as adults” (Во некои случаи, на малолетниците треба да им биде судено како на возрасни). Оваа тема е избрана поради фактот што таа е една од темите на кои ќе се дебатира на овогодинешното светско дебатно првенство IDEA Youth Forum во Zeeland, Холандија. Најдобрите говорници на националното првенство Елена Мицајкова, Огнен Јакасановски и Андријана Георгиевска ја имаат честа да ја претставуваат Македонија на IDEA Youth Forum во периодот од 22 јули до 4 август.

Форматот на кој се дебатираше на националното првенство е отворен Карл Попер формат. Средношколците се натпреваруваа во тимови од по тројца, во 4 рунди и на крајот Националното дебатно првенство се затвори со големо финале помеѓу тимовите КАС1 (Онен Јакасановски, Милка Геровска и Теодора Столевска)и Напредна 4 (Ивана Лумаковска, Андријана Георгиевска и Дејан Кадиев). Победникот на Националниот Дебатен Турнир беше тимот КАС1 од Скопје.

Фотографии од настанот можете да погледнете тука. 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: