Национално дебатно првенство 2021

Овогодишното Национално дебатно првенство ќе се одржи од 23 до 25 април. По позитивното искуство од онлајн Националното дебатно првенство 2020, исто така и ова ќе се одржува вирутелно. До сега МОФ има организирано две онлајн првенства на платформата „mixidea.org“, која дозволува духот на компетитивната дебата да се одржи во онлајн сферата.

Националното дебатно првенство се организира секоја година со цел сите членови на дебатната програма да се запознаат со компетитивната страна на дебатата и да ги покажат своите знаења и дебатни способности преку практични активности.

Овогодишната теза на првенството е: „THW lift all COVID-related patents (such as, but not limited to, ones relating to vaccines, treatments, and technologies)“.

Дебатерите ќе се водат според дебатниот формат „World School’s“ и своите говори ќе ги држат на англиски јазик.

Во склоп на ова првенство има 5 прелиминарни рунди, полуфинале и финале, за време на кои дебатерите ќе ги покажат своите дебатни способности.

Наградите за најдобрите говорници се поддржани од „АРС Ламина“.

Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.