“Наведи добра причина за екс – ЈУ земјите во ЕУ” [Provide a Good Reason for Ex Yu Contries in EU] е проект на дебатната организација Centar za kulturu dijaloga (CKD) од Босна и Херцеговина, во кој Младински образовен форум е една од партнерските огранизации. Останатите партнерски организации се: Za in proti – Словенија; Logos – Црна Гора; Asocijacija za kreativnu komunikaciju i debatu – Србија; Hrvatsko debatno društvo – Хрватска. Времетраењето на проектот е 24 месеци започнувајки од jули 2009.Целите на овој проект се: јакнење на интеркултурната размена и заштита на правата на малцинставата во земјите од Западен Балкан; промоција на интеркултурен дијалог, граѓански активизам, солидарност и толеранција; промоција на анти-дискриминаторна политика.
Активностите во рамките на проектот вклучуваат:
- снимање на ТВ дебати, меѓународни дебатни турнири,
- семинари/тренинзи за учесниците на проектот,
- публикување на регионално месечно дебатно списание “Дебатни новости“
- регионални состаноци на координаторите на проектот од секоја партнерска организација.