„Немам каде да се вратам“ во Велес

На 16-ти ноември, со почеток во 19:00 часот, во велешкиот театар „Ј.Х.К. Џинот“ беше изиграна претставата „Немам каде да се вратам“ на групата за перформанс Кунстверкштат при Младинскиот образовен форум.

Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци. Да се талка значи и да се трага, да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде.

Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од кое што бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји.

Текстот на претставата е на Милош Андоновски, а режијата на Дени Стојанов.

Улогите ги толкуваа:

Ангел Таневски, Влатко Јовановски, Ивона Кузмановска, Јана Бангиева, Марина Таневска, Петар Мукоски, Срна Дуковска, Тамара Ангелова, Тина Спировска, Филип Христовски и Христина Мирчевска.

Оваа изведба на претставата беше поддржана од проектот „Бегалец сега- Човек секогаш“ на УНХЦР, заедно со организациите Центар за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој – Центар РЕД. Претставата е направена од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Сподели