Во текот на 2010-2011 година, во деветти семестар на мастер студиите на Правен факултет “Јустинијан Први“ при УКИМ ке биде активен нов премет Слободен пристап до информации од јавен карактер. Овој предмет ќе биде дел од широката листа на предмети во деветти семестар, што значи дека сите студенти од било која насока на мастер студиите на Правен факултет ќе може да го оптираат. Придобивката која ќе ја имаат студентите кои ќе го оптираат овој предмет се состои во можноста да имаат и практично искуство за примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен каракте во канцеларијата на Правната клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер. Практичната работа ќе се состои од испраќање на прашања до институциите-иматели на информации од јавен карактер, како и водење на жалбената постапка.
За повеќе информации за Правната клиника можете да прочитате на веб сајтот на Правен факултет на овој линк.