Нов ѕид за слободно изразување во Тетово

Денеска, во центарот на Тетово, се поставени двојазични табли за слободно изразување, на тема „Во Тетово сакам…“. Тетовци веќе почнаа да ги споделуваа своите ставови, мислења и желби за подобро и поубаво Тетово.

После улицата Македонија и Старата Чаршија, во Скопје, Тетово е третата локација на која се поставени табли за слободно изразување. На првите две инсталации, веќе еден месец, десетици граѓани, секојдневно, испишуваат пораки и мислења за тоа што за нив претставува слободата и што сакаат да направат во својот живот пред да умрат.

На 26 октомври ќе биде поставен и четвртиот ѕид за слободно изразување во Струмица.

Инсталациите кои го искористуваат јавниот простор како место за слободно изразување се дел од проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: