Ново средношколско организирање во новата учебна година

На 26-ти јуни во Јавна соба се одржа панел дискусија за ново средношколско организирање во учебната 2018/2019 година на која дискутираа средношколци, наставници, институции и организации. Настанот беше организиран од страна на Младински образовен форум, а во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА и Првата детска амбасада во светот Меѓаѓи, во рамки на проектот „Имплементација на конвенцијата на правата на детето“, поддржано од Фондација Песталоци.

Како говорници учество земаа Петар Атанасов – Претседател на комисијата за образование, наука и спорт при Собранието, Ана Попризова – психолог при „СУГС Орце Николов“, Вероника Станоевска – Претседателка на средношколската заедница при „СМУГС Д-р Панче Караѓозов“ и Гораст Орданоски – Претседател на средношколската заедница при „СУГС Георги Димитров“.

„Учениците треба да бидат во центарот на образовниот систем“ изјави Петар Атанасов. Тој зборуваше дека има подготвеност од страна на институциите да има законско решение за ученичкото организирање.

Како дел од искуствата со средношколските заедници, ученичката Вероника Станоевска зборуваше дека мора да има добар процес за избор на претседател, но и средношколските заедници да имаат ресурси да можат да работат.

Психологот Ана Попризованапомена дека проблемите во образовниот систем ги живеат сите – и наставниците и учениците. “Кога учениците имаат коментари за квалитетот на наставата, работата на наставниците или наставните програми, ние треба да бидеме подготвени да одговориме квалитетно“, кажа таа.

Гораст Орданоски како претседател на средношколската заедница при СУГС “Георги Димитров“ ја претстави средношколската заедница на ова училиште. Тој рече „Ако се официјализира вакво тело, би имале шанса сите средношколци да придонесат за своето училиште“.

Целта на овој настан беше дас е изнесат искуствата од средношколските заедници, какви се тие, колку често се состануваат, какви активности спроведуваат и за кои одлуки можат да одлучуваат самите тие.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: