Младински образовен форум и и Фондацијата за демократија Вестминстер (WFD) ве покануваат да го проследите второто отворено предавање за студенти од цуклусот „Ново студентско секојдневие“. Предавањето е насловено „Основи на академско пишување – рецептот за успешен труд“ и истото ќе се одржи на 29-ти април (среда) во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.
Предавач на ова предавање ќе биде проф. д-р Иван Дамјановски. Тој е вонреден професор на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој е и надворешен соработник за истражување во Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и поранешен гостински истражувач на Центарот за компаративни и меѓународни студии при Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих (ETH).
Целта на предавањето е да воспостави генеричка рамка на процесот на академско пишување. Предавањаето ќе се фокусира на објаснување на основните парадигми и цели на академското пишување,најаважните елементи на процесот на академско пишување, основните структурални аспекти на истражувачкиот труд, како и базично запознавање со академските и етичките компоненти на истражувачкиот процес.
Ова предавање е особено корисно за сите студенти кои во моментов работат на својот дипломски или магистерски труд како и за оние млади луѓе кои се заинтересирани за пишување на научни трудови.
Доколку сакате да го проследите предавањето се што треба да направите е да го пополните овој формулар и да се вклучите на линкот во терминот на предавањето, кој ќе ви биде испратен на вашата e-mail адреса.
Циклусот отворени предавања за студенти „Ново студентско секојдневие“ е организиран во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.