Ново студентско секојдневие #3 – Управување со лични финансии

Младински образовен форум и и Фондацијата за демократија Вестминстер (WFD) ве покануваат да го проследите третото отворено предавање за студенти од цуклусот „Ново студентско секојдневие“. Третото предавање од циклусот го посветуваме на темата финансиска писменост и истото е насловено „Управување со личните финансии во време на криза“.

Предавањето ќе се оджри на 5-ти мај (вторник) во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.

Предавач на ова предавање ќе биде Александар Радомировиќ. Тој е магистер по економски науки со повеќегодишно искуство како предавач за лични финансии и претприемништво.

Целта на предавањето е да ни даде основни знаења на темата финанскиска писменост и да не научи на алатките и методите како ефективно да управуваме со личните финансии. За време на предавањето ќе биде даден одговор на прашањата:

  • Како да научиме мудро да управуваме со личните финансии?
  • Што требаше, а најверојатно не го направивме за да ги ублажиме последиците од кризата врз нашиот личен буџет?
  • Кои поуки да ги извлечеме од ситуацијата во која се наоѓаме и какви корективни мерки да превземеме за да си обезбедиме посигурна иднина.

Доколку сакате да го проследите предавањето се што треба да направите е да ја пополните апликацијата: https://forms.gle/LMmKGyB3TNiXUZpz9 и да се вклучите на линкот во терминот на посакуваното предавање, кој ќе ви биде испратен на вашата e-mail адреса.

Циклусот отворени предавања за студенти „Ново студентско секојдневие“ е организиран во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум, а во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Сподели