[Повик за членови] Општина Ново Село основа Локален младински совет

Општина Ново Село и Младински образовен форум (МОФ), започнаа иницијатива за креирање Локален младински совет, како претставничко тело на младите и на младинските форми на здружувања во Општина Ново Село.

Иницијативата ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на младинските структури во оваа општина со цел нивно ефективно учество во процесите на донесување одлуки што се од интерес за младите, како и со цел вклучување на младите во активности кои се од директен интерес на заедниците во општината.

По тој повод, Општината и МОФ објавуваат Повик за членови на Локален младински совет на Општина Ново Село.

За членови на Локалниот младински совет може да бидат избрани сите млади кои живеат во Општина Ново Село и ги исполнуваат следниве критериуми:

  • се жители на Општина Ново Село;
  • се на возраст од 15 до 29 години;
  • покажуваат интерес и знаења за унапредување на локалните младински политики;
  • покажуваат интерес, искуство и ентузијазам за развој на младинското здружување на локално ниво;
  • покажуваат интерес и ентузијазам за помагање на заедниците и граѓаните во заедницата;
  • имаат можност за континуирано и активно учество во активностите со кои ќе се креира на Локалниот младински совет и во активностите за обезбедување негова ефективна функционалност;
  • имаат можност за присуство на еднодневни и дводневни обуки и состаноци за потребите за зајакнување на капацитетите на Локалниот младински совет, во периодот 10-ти мај – 10-ти јуни 2014 година;
  • испратиле пополнета апликација/пријава за членство во Локален младински совет на Општина Ново Село, најдоцна до 30-ти април 2014 година;

Пријавата за членство во Локален младински совет – Општина Ново Село може да се пополни тука.

За членови на Локалниот младински совет – Општина Ново Село ќе бидат избрани сите млади кои ќе поднесат пријава, најдоцна до 30-ти април 2014 година и кои ги исполнуваат критериумите и условите наведени во овој повик.

Изборот на членовите заеднички ќе го извршат претставници на Општина Ново Село, Младински образовен форум и претставници на младинските здружувања кои се активни на територијата на Општина Ново Село (невладини организации, училишта, културно-уметнички друштва, спортски друштва, подмладоци на политички партии).

Основни цели на иницијативата за основање Локален младински совет

  • Креирање претставничко тело на младите и младинските здружувања во Општина Ново Село;
  • Вклучување на младите во донесувањето одлуки на локално ниво;
  • Промоција на младинско учество;
  • Зајакнување на капацитетите за општествена ангажираност кај младите;
  • Овозможување неформално образование, тренинг, обука и развој на вештини кај младите;
  • Зголемен ангажман на младите во помагање на локалната заедница;
  • Претставување и застапување за интересите на младите;
  • Зголемена комуникација меѓу младите и Локалната самоуправа;
  • Зголемена прекугранична соработка меѓу младите од Општина Ново Село и општините од соседните држави.

Повеќе информации на policy@mof.org.mk

Иницијативата е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

МОФ е младинска организација која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, поттикнување активизам, заштита и унапредување на младинските права и политики.

Контакт информации

Телефон

+389 70 315 460

Е-маил

info@mof.org.mk

Адреса

Дренак 34-А Скопје 1000

Пријавете сé на нашиот е-билтен

Пријави сé и добивај известувања за настани и активности.

© 2025 Младински Образовен Форум. Сите права се задржани. Овозможено од Optimus Solutions.