Барај
Close this search box.

Објава за набавка на опрема

Младински образовен форум објавува конкурс за понуди за набавка на опрема за потребите на реализација на Проектот за младинска независност.
Предмет на набавката е испорака, инсталација, одржување во и вон гарантен рок и сервис  обезбеден од страна на понудувачот на следната опрема поделена во 5 одвоени целини, во 4 посебни договори.

Целина 1: Компјутерска пренослива (Notebook) опрема
Целина 2: Компјутерска опрема
Целина 3: Презентациска опрема
Целина 4: Видео и фото опрема
Целина 5: Аудио опрема

За условите за учество на понудувачите, критериумите за селекција и останати важни информации проверете ги документите кои може да ги превземете тука: Објава за набавка на опрема, Комплетна документација за ИТ опрема за печатење, Комплетна документација за ИТ опрема за пополнување.

Комплетната документација може да се превземе преку Интернет од www.mof.org.mk. Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат, по електронска пошта на info@mof.org.mk, најдоцна 3 дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди. МОФ ќе одговори на прашањата на  ист начин, најдоцна 2 дена пред истиот рок.

Заинтересираните понудувачи своите понуди треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена “Понуда бр. YEF/FOSIM/0501 IT “, на рака или по курирска  пошта на адреса на МОФ. За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе  се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на МОФ, а НЕ времето на  предавање на пратката во пошта.

МОФ, “Водњанска 35/1”, прв спрат, 1000 Скопје, Република Македонија
Тел: (02) 3 139 692 и (02) 3 114 412

Краен датум за достава на понудите: Вторник, 25. 05. 2010 год. најдоцна до 13 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: