Во текот на месец март и април се одржаа 4 квалификациски турнири во рамките на Националното дебатно првенство 2013 година, во организација на Младински образовен форум. Познати се и најдобрите 20 тима од квалификациските турнири кои ќе се натпреваруваат на завршниот турнир во Скопје на 13ти, 14ти и 15ти април, каде ќе биде избран националниот шампион во Карл Попер формат и претставниците на Светското дебатно првенство во организација на Интернационалната дебатна едукативна асоцијација [ИДЕА].
За прв пат оваа година беше имплементиран новиот систем на натпреварување на националното првенство кој вклучува регионални квалификациски турнири за сите дебатни клубови. Преку четири квалификациски турнири беа избрани најдобрите 20 тимови кои ќе дебатираат на завршниот турнир во Скопје. Распоредени во 3 квалификациони турнири, кои се одржаа во Тетово, Штип и Битола, беа избрани 12 најдобри тима кои ќе учестуваат на завршниот турнир во Скопје, по 4 тима од секој турнир. Дебатерите од скопските клубови се натпреваруваа на посебен квалификациски турнир, од кој најдобрите 8 тима се обезбедија со учество на финалниот турнир. Заради големиот интерес и бројот на тимови кој се пријави од скопските дебатни клубови, првично планираниот број од 4 тима се прошири на 8.
Користејќи се со стандардите на ИДЕА за табулација на дебатни турнири, најдобрите тимови кои ќе учестуваат на завршниот турнир на Националното дебатно првенство се следниве:
1. Schiphol
2. За два денари
3. Frenkie
4. Топсие
5. Disco Ninjas
6. Anonymous
7. Dobre and his Bitches!
8. Jesus likes Tacos
9. Тhou who shall not be named
10. Radioactives 2.0
11.The great debaters
12. Goran’s Angels
13. Goran’s Legends
14. Koomanovo
15. Boss44
16. Kiko’s team
17. Maryjane’s team
18. Martina’s team
19. Vivaan
20. ЛМИ-Битола
На завршниот турнир ќе се дебатираат 6 квалификациски рунди, по две на една од однапред познатите тези, а две рунди ќе бидат impromptu односно на ненајавени/неподготвени тези. Двете однапред познати тези на кои ќе се дебатира на финалниот дебатен турнир од Националното дебатно првенство се следниве:
1. “The use of illegal digital tools in pursuit of political ends should be decriminalized”
2. “Universities should make all academic work they produce, including scholarly articles, course handbooks and recorded lectures, available to the general public.”
Дебатите се одвиваат на англиски јазик, а за победник на секоја од рундите одлучува панел од тројца дебатни судии, кои ја евалуираат работата која што ја завршиле секој од тимовите и индивидуалните членови од секој тим. Дел од критериумите според кои судиите ја донесуваат својата одлука е квалитетот на аргументацијата која ја презентираат тимовите, нивната стратегија како тим, но и умешноста да докажат дека нивниот тим подобро ја застапува страната која им е доделена пред почетокот на дебатата. Финалната дебата која го одлучува победникот на национално ниво ќе биде судена од седум судии.
Информации за локација на одржување на турнирот и сместување на тимовите кои патуваат во Скопје ќе биде објавени дополнително.
Националното дебатно првенство вклучувајќи ги Регионалните турнири се овозможени од Фондација Отворено општество Македонија и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.