Минатиот викенд, 18-20 септември, Дебатната програма на Младински образовен форум организираше Тренинг за нови дебатни тренери и дебатни судии. Четириесет дебатери и асистенти ја поминаа обуката за дебатни тренери. Новите предавачи по дебата доаѓаат од повеќе градови од Македонија: Тетово, Велес, Штип, Неготино, Кратово, Струга, Дебар и Скопје. Тренингот го одржаа: Aтанас Димитров, Огнен Јакасановски, Стефан Алексиќ и Теодора Столевска,
Тродневниот тренинг понуди предавања од областа на World Schools дебатниот формат, методлогија за предавање на новите членови-дебатери, водење на дебатен клуб и судење на дебатен турнир од компетитивен карактер. Последниот ден присутните кандидати за дебатни тренери и дебатни судии стекнатите познавања од областа ги презентираа пред комисија составена од пет члена. На тренигот имаше две петчлени комисии во состав: Дејан Ризински, Елена Симјановска, Ѓорѓи Димески, Марија Гелмановска, Стефан Андонов, Мартин Божиноски, Вилдан Дрпљанин, Томислав Тодоровски, Стефани Спировска и Теодора Столевска. Искусните дебатни предавачи од кои се составени комисиите одлучуваат дали кандидатите ќе добијат препорака за дебатен предавач и дебатен судија.
Членовите на дебатните клубви на Младински образовен форум кои беа присутни на оваа обука веќе имаат поминато почетно и напредно ниво дебатни на предавања, а изминатава година беа дебатни асистенти во дебатните клубови во нивните градови. Со оваа обука Дебатната програма се стекна со нови капацитети и предавачи по дебата кои ќе ги водат предавањата, организираат турнири и јавни дебати за Дебатните клубови.