[ОБУКА] Современата уметност како алатка за младински активизам

Оваа недела со почеток во 16 часот во просториите на Младински образовен форум ќе се случи првото отворено предавање на Медиа Арт клубот од Скопје. Предавањето ќе биде на тема „Современата уметност како  алатка за младински активизам“ и истото ќе го одржи македонскиот уметник и активист Никола Узунов.

Никола е македонски мултидисциплинарен уметник. Неговите проекти се претставени во реномирани институции на современата уметност насекаде низ Европа и е добитник на многубројни награди, грантови и уметнички резиденции.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современите концепти, нивната примена и смелиот младински активизам. Во два часа, ќе ја искусат современата уметност од светот, како и нашата уметност и уметници пласирани надвор.

Во прилог видео од неговиот говор „Остварете го својот сон“ на TEDx-Скопје: http://tedxskopje.mk/archives/1023

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: