На 16 и 17 ноември 2013 година во рамки на проектот „Советодавен сервис за права на млади” се одржува обука за младински права и механизми за нивно остварување наменета за телото на предавачи по Учиме право. Проектот „Советодавен сервис за права на млади” е проект на Младински образовен форум од Скопје, поддржан од страна на Амбасадата на САД во Скопје, кој се спроведува во периодот од октомври 2013 година до септември 2014 година. Целта на проектот е обезбедување советувања за млади со цел полесно остварување на нивните права низ лавиринтите на образовните и државните институции.
Обуката за младински права и механизми за нивно остварување претставува прва активност во рамки на проектот чија цел е да ги зајакне капацитетите на предавачите по Учиме право со цел да можат успешно да даваат одоговор на прашања кои ги засегаат младите а се однесуваат на нивните уставни и законски загарантирани слободи и права, да се запознаат подобро со правата на средношколците и студентите, да научат повеќе за механизмите за заштита на правата на младите и да придонесат кон нивно практично остварување.По успешното поминување на обуката, учесниците ќе имаат прилика да бидат дел од тимовите во рамки на трите категории кои ќе работат на давање одговор на прашања поставувани од младите, ќе пишуваат колумни, брошури за младински права како и ќе споделуваат информации кои ги засегаат младитеи ќе организираат јавни трибини со цел поттикнување дискусија за прашања кои ги засегаат младите, за проблемите со кои најчесто се соочуваат и препораки за надминување на истите.
Во рамки на проектот е формирана т.н. „Инфо-канцеларија за млади” преку која се нудат offline и online консултациии советувања за млади во три категории: средно образование, високо образование и млади и комуникација со релевантни органи и институции во области кои ги засегаат младите.