Барај
Close this search box.

Обука за унапредување на кулинарските вештини и кариера

„ФЈ Кулинарско училиште“ организира бесплатна обука за унапредување на кулинарските вештини за млади лица.

Обуката ќе се одржи од 26 до 30 јуни 2023 година во просториите на училиштето во населба Автокоманда, Скопје.

Што вклучува програмата?
  • Напредна кулинарска обука: нутритиенти во храната, механика на човечките сетила, избор на намирници, кулинарски техники
  • Практично искуство: изработка на менија, посета на органска градина
  • Менаџмент во угостителство: бригаден систем, практики за безбедност на храна
  • Поддршка за кариера и претприемништво: персонализирано кариерно насочување, спојување со потенцијални работодавачи, меки вештини (етика во кулинарство, комуникациско-организациски вештини)
  • Можности за вмрежување: размена на искуства со колеги учесници и гости говорници – поискусни готвачи и професионалци од индустријата

Програмата предвидува теоретски и практичен дел под менторство на експертите Филип Чаловски и Златко Таневски, а е дизајнирана со цел да се унапредат кулинарските вештини на учесниците со што полесно ќе се вработат или ќе напредуваат во кариерата.

Целосната агенда ќе биде навремено доставена до избраните учесници.

Кој може да учествува на обуката?

На обуката може да учествуваат сите млади лица до 29 години кои имаат основни познавања од кулинарството и имаат желба да ги унапредат своите вештини.

По завршувањето на обуката сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена обука од организаторот.

Како да аплицирам?

Пријавувањето за обуката е во тек, а местата се ограничени. Аплицирајте веднаш и обезбедете место – пополнете ја пријавата за учество на обука. Крајниот рок за пријавување е 19 јуни 2023 година. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

За повеќе информации контактирајте нè на +389 71 201 118

Обуката се организира со поддршка од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемништво и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„ФЈ Кулинарско училиште“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: