Младински образовен форум во соработка со Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во рамки на проектот „Правна клиника за ранливи групи“, во периодот од 19-ти февруари до 18-ти март 2019, организираа и спроведоа 3 обуки со цел да се зајакнат капацитетите на членовите на Правната клиника во работата со млади луѓе и припадници на маргинализирани групи.
Првата обука се однесуваше на Комуникацски вештини и принципи на работа со млади, каде се опфати пристапот на работата со млади кои потекнуват од различни средини, опфаќајки аргументација и структурирано изразување и одговорности на младински обучувачи, која беше спроведена од Лазар Поп Иванов и Мартин Алексоски. Темата која имаше за цел да се претстават техниките и методите на работа и предавање во неформалното образование ја предаваа Ивана Петковска и Нена Николовскаоска. Ана Попризова и Јордан Јованов беа предавачи на обуката на тема под наслов „Сензибилизација на пристапот при работата со маргинализирани групи” која ги опфати техниките на градење на професионален однос со целната група, а истовремено развивање на чувството на емпатија при работа на вакви случаи и психичка подготовка за соочување со проблематиките, како и презентирање на искустава од страна на адвокат. На овие циклус обуки, активно учество земаа 20тина студенти.
Активноста е во соработка со Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“ реализирана со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.