Обуки за дебата, аргументирано изразување и јавно говорење на Д-Фестивал

VTORA SLIKAМладински образовен форум најавува работилници за дебата, аргументирано изразување и јавно говорење во склоп на овогодинешното издание на Д-Фестивал.

За време на 3те дена во кои ќе се случува фестивалот, односно 17ти, 18ти и 19ти јули, ,  дебатните предавачи на МОФ  ќе држат тродневна како да формирате и структуритате јавен говор и техники и совети за аргументација и аргументирано изразување.

Присутните на Д-Фестивал, покрај шансата да уживаат во хитовите на изведувачите, ќе  можат да научат како да структурираат јавен говор, како да формираат аргументи и истите да ги имплементираат во организирани дискусии. Последниот ден од оваа тродневна обука е резервиран за јавна дебата во која учесниците ќе можат да ги презентираат стекнатите вештини од  јавното говорење.

Работилниците ќе бидат спроведени на македонски јазик, а сите заинтересирани учесници можат да се пријават  уште сега на следната апликација:

http://goo.gl/forms/D7hzpSwtM2

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: