Период на реализација: ноември 2013 – мај 2014
Донатор(и): УНДП
Краток опис на проектот: Младински образовен форум во соработка со Волонтерски центар Скопје, Капитал Медиа Груп, Општина Карпош и Општина Центар, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Програмата за развој на Обдинетите нации во рамките на проектот “Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“ го спроведува проектот „Обуки за меки вештини и пракса – Програма за поддршка на млади“.
Проектот има за цел да постави пример на успешна соработка меѓу невладиниот сектор, локалната самоуправа и приватниот сектор во заедничката работа за подобрување на положбата на младите на локално и национално ниво, преку обезбедување обуки и пракса и со тоа зголемување на нивната можност за вработување.
Активностите на проектот вклучуваат циклус од шест обуки за јакнење на капацитетите на младите и зголемувањето на нивното активно учество во општествените процеси и процесите на носење одлуки, спроведувани од МОФ, Волонтерски центар Скопје, Капитал Медиа Груп, Општина Карпош и Општина Центар. Обуките кои учесниците ќе можат да ги следат во рамките на проектот се: Управување со проектен циклус; Социјално претприемништво; Финансиска писменост и менаџирање на лични финансии; Менаџмент и брендирање на компанија; Начин на работење на локална самоуправа; Активно граѓанство и учество .
Втората компонента од проектот е волонтирање за дел од учесниците на обуките, во организациите, институциите и компаниите кои го спроведуваат проектот.