Обуки за нови медиуми и интернет активизам – Штип и Струга

e-Poster-Obuki-za-novi-mediumi

Младински образовен форум, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници за „Обуки за нови медиуми и интернет активизам “.

Обуките ќе се реализираат во Штип и Струга, во соработка со МОФ центрите и Американските катчиња, на 14ти декември, сабота. Обуките се еднодневни [8 часа вклучувајќи и паузи].

Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се на возраст од 16 до 25 години;
  • Да покажуваат интерес за вклучување во идни онлајн иницијативи и кампањи;
  • Да покажуваат интерес за новите медиуми и онлајн алатки
  • Да покажуваат интерес за интернет, аудио и видео активизм.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 12 -ти декември 2013 година, преку испраќање на пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе тука.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Повеќе информации можете да добиете на obuki@mof.org.mk или на 02/3139 692 лок 103.

Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.