Од младите за младите – Активирај се!

Младински образовен форум Ве поканува на настанот „Од младите за младите – Активирај се!“
организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи во паркот во Венец 1 во Дебар на 13 август 2014 година во 10:00 часот.

Еднодневниот настан „Од младите за младите – Активирај се!“ има за цел:

  • Обнова и оживување на паркот во Венец 1 кој во овој момент се наоѓа во многу лоша состојба;
  • Активирање на младите и промовирање на волонтеризмот како важен сегмент на општеството;
  • Зголемување на свеста на младите за јавните добра.

Во таа насока, покрај акција на која ќе се обноват постоечките реквизити во паркот (клупи, корпи за отпадоци, патеки и сл.), настанот ќе содржи јавна трибина на тема „Младитe и одржливо користење на јавните добра“ која ќе започне во 18ч. На оваа трибина ќе се зборува и за волонтеризмот кај младите во Дебар.
 

Сподели