Во периодот од март до ноември 2010, МОФ и НВО Инфоцентар партнерски ќе го спроведуваат проектот “Односи со јавност за транспарентно локално управување“ [Public Relations for Transparent Local Governance]. Овој проект цели да придонесе за зголемено учество на младите во јавната сфера на локално ниво, како и зголемена медиумска писменост и аналитичка компетентност на младите активисти, средношколци и студенти од Скопје, Велес, Битола, Куманово, Штип, Гевгелија, Неготино, Струмица. Воедно ќе придонесе за изготвување на анализа за начинот на кои се доставуваат општинските информации до јавноста и давање на сугестии за подобрување на недостатоците. Главните проектни активности опфаќаат:
- Обука за медиумска писменост и пропаганда и мониторирање на општините во медиумите
- Јавни дебати со претставници од општините на кои ќе биде дискутирана анализата на нивниот ПР и предлози за подобрување и унапредување на истиот со цел потранспарентно презентирање на информациите пред заинтересираната јавност.
- Тренинг за масовните медиуми, политичката пропагандата, новите медиуми и за Етичкиот кодекс за локалните функционери
Проектен тим:
Дона Костуранова
dona_kosturanova@mof.org.mk