Односи со јавност за транспарентно локално управување

Период на реализација: 01.03.2010 – 31.12.2010

Донатор(и): Фондација Отворено општество – Македонија, Balkan Trust Foundation

Краток опис на проектот: Во периодот од март до ноември 2010, МОФ и НВО Инфоцентар партнерски го спроведуваа проектот“Односи со јавност за транспарентно локално управување“. Овој проект цели да придонесе за зголемено учество на младите во јавната сфера на локално ниво, како и зголемена медиумска писменост и аналитичка компетентност на младите активисти, средношколци и студенти од Скопје, Велес, Битола, Куманово, Штип, Гевгелија, Неготино, Струмица.

Активностите во рамки на проектот вклучува едукативен сегмент спроведен во сите седум локални МОФ клубови. Истиот е составен од обуки за масовни медиуми, препознавање на медиумска и политичка пропаганда, етички кодекс за локални функционери, методологија на мониторинг. Вториот сегмент е реализиран со по 2 члена од 3 локални заедници (Скопје, Битола и Велес) кои работеа под водство на ментор вршејќи мониторинг на општинската комуникација со јавноста во периодот од април до јуни, 2010година (анализа на комуникациските алатки општински веб сајт, огласна табла, гласило, објави во локални и национални печатени и електронски медиуми). Врз основа на истражувањето беше изработена квалитативна анализа за информациите кои се објавуваат од страна на локалните власти и локалните и национални медиуми. Третиот сегмент влучуваше презентација на анализата на 3 јавни дебати, каде учество земаа засегнатите страни, односно претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и локалните власти.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: