На 09.09.2020 и 10.09.2020 програмата за Истражување анализа и креирање на младински и образовни политики на Младински образовен форум (МОФ) оддржа дводневен тренинг за градење на капацитетите на студентските правобранители при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
На тренингот студентските правобранители имаа можност, најпрвин теоретски да се запознаат со материјата која ја регулрира работата на студентскиот правобранител, како и практичен дел во кој можеа да го применат стекнатото знаење.
Предавачи на овој тренинг беа доц. Д-р Вангел Доковски и м-р Стефан Дојчиноски.
Оваа обука беше имплементирана во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.