Одржан тренингот за тренери на програмите „Учиме право“ и „Дебата“

Овој викенд се одржа Тренингот за тренери на програмите Учиме право и Дебата. Оваа година програмите ги зголемија своите капацитети со нови млади предавачи кои веќе неколку години наназад се членови на клубовите на МОФ. На овој начин МОФ го зајакнува врсничкото подучување, со цел да се обезбеди квалитетно неформално образование за средношколци. На тренинзите учествуваа 26 млади, од кои 12 ќе бидат новите предавачи во Учиме право, а 14 во Дебата.
Поранешните членови на Учиме право кои сега и самите ќе се најдат во улогата на предавачи, овој викенд ги учеа техниките за успешно спроведување на предавање од неформален карактер. Покрај тоа, тие имаа можност и да се запознаат со онлајн алатките кои им се достапни за да се обезбедат интерактивни предавања и покрај тоа што и оваа година продолжуваме со онлајн работа на клубовите.
Повикот за нови членови на програмата Учиме право е се уште отворен и можете да го најдете на овој линк.  И оваа година, повикот е достапен за сите средношколци од целата држава, без разлика дали во градот имаме МОФ центар. Предавањата се достапни на македонски, албански и ромски јазик.
Во текот на тренингот, искусните долгогодишни тренери по дебата ги споделија тематски целини и нивното практично имплементирање. Новите тренери се запознаа со неформалниот начин на предавање и водење на младински клубови. Дополнително, научија како да пренесуваат теорија, ги совладаа техниките за учење, мотивирација и евалуација на средношколците. Особено внимание се посвети на тоа како во ера на онлајн предавања, да го задржат вниманието на учесниците и да ги мотивираат да бидат активно вклучени во предавањата.
Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.