Онлајн работилницата – „Активизам во твоето маало“ се одржа во периодот 7-ми и 10-ти август на
платформата за видео комуникација – ZOOM.
На работилницата учествуваа десетина млади луѓе кои се стекнаа со знаења за базичните,
елементарни алатки и клучните манипулативни техники на Adobe Photoshop. Но, најважно – тие
работеа на креирање коцепт за компаративна претстава на одреден простор во нивното маало (Тафталиџе, Карпош 4, Ѓорче Петров, Недопирливи – Битола, Железара, Куманово).
Оваа иницијатива насочува кон потенцирање проблеми, недостатоци и лоцира места кои можат
да се искористат како младински центри на општинско ниво. На овој начин се изразуваат
индивидуалните ставови, мислења, интереси, афинитети и склоности кога станува збор за
активистичко дејствување.
Всушност, преку продуктите кои ги изработија учесниците – претставени се интересни младински
размислувања за искористување на активизмот и урбанизација на просторот во кој живеат. Со
ова се потенцира претставата за убава, средена, чиста и функционална урбанизација на просторот
во нивното маало.
Целта на кампањата е преку младински активизам да се подигне свеста за потребата за простор
во кој младите од заедницата ќе може да разменуваат идеи, да творат и да се дружат слободно.
Работилницата е дел од Проектот за младинско изразување, финансиран од Европската Унија.
#МладинскиПросторВоСекоеМаало