Одржана струшка онлајн правна симулација во рамки на „Учиме право“

Почетниот клуб „Учиме право“ – Струга одржа виртуелна симулација на главна расправа од кривична постапка за случајот насловен како „Голем одмор“ од областа на малолетничката деликвенција, за сторено кривично дело против јавниот ред, кривично дело “Насилство” по член 386 ст.2 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Симулацијата се одржа на 5 јуни, на дигиталната платформа „Зум“.

На онлајн симулацијата учествуваа 13 ученици – Надица Монеска, како судија, Јована Шеќероска како Јавен обвинител, Теодора Скрческа како адвокат, Тијана Переска како вешто лице – лекар, Евгенија Мојсоска, вешто лице – психолог, Даница Левкова, Марија Ванѓеловска и Софија Бакраческа во својство на сведоци, Зоја Голубовиќ и Јована Велјаноска како оштетени и Ана Трајкоска, Викторија Нанушевска и Христина Попоска како обвинети.

Учениците на подготовка на симулацијата работеа во текот на предавањата во рамки на клубот „Учиме Право“  и имаа можност практично да ги применат теоретските знаења со кои се стекнуваат во рамки на тематската целина посветена на казненото право. Преку улогата на судии, јавни обвинители, обвинети, жртви имаа можност практично да бидат дел од судскиот процес и да ги согледаат основните карактеристики на општата кривична постапка.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: