Одржани 3 предавања за средношколци на тема Магна Карта

По повод 800-годишнината од постоењето на Магна Карта како исклучително важен документ за развитокот на основните принципи на слобода, демократија и владеење на правото, Британската амбасада во Скопје и Младински образовен форум распишаа отворен повик за средношколски есеи на оваа тема.

Со цел подобро да се претстави содржината и суштината на Магна Карта, беа организирани 3 предавања за 80-тина средношколци од сите 4 години. Предавањата ги спроведоа предавачи-експерти кои имаат познавања од областа на човековите права и слободи, владеењето на правото и демократијата и го претставија историскиот контекст во кој се создал овој правен документ, како и сите понатамошни последици врз развојот на уставноста и креирањето на останатите светски познати и важни акти како: Habeas Corpus Act, Уставот на Соединетите Американски Држави, The Bill of Rights и многу други.

На 22.10.2015 во Скопје предавањето го одржа Андреја Стојковски на темата: „Влијанието на Магна Карта врз уставноста во светот“, во Тетово, на 28.10.2015 Димитар Низамовски и Фари Хисени говореа на темата „Улогата на Магна Карта во развојот на демократијата“ и во Велес предавањето на темата „Независно правосудство како предуслов за владеење на правото“ го одржа Гоце Коцевски на 29.10.2015.

Овие предавања обезбедија солидна основа за подготвувањето на есеите и претставуваат поттик за средношколците дополнително да истражат на оваа тема и да ги претстават своите идеи и мислења низ есеј за Магна Карта и нејзиниот ефект и влијание низ вековите.

Повеќе информации околу целиот повик за средношколски есеи може да најдете на www.mof.mk/magnakarta

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: