МОФ ги застапува младинските приоритети! Во текот на септември и октомври, ги посетивме општините Тетово, Штип, Делчево, Струмица и Гевгелија. На овие средби, заедно со локалните организации Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија, НОВУС Струмица, Центар за едукација и развој – Теарце и НВО КХАМ – Делчево, воспоставивме соработка со младинските службеници, кои како новооформени тела се клучен канал помеѓу младите и јавните институции.
Средбите ги искористивме и за да им го претставиме новиот документ за јавни политики, кој се содржи од проблеми мапирани од страна на младите од нивните општини и препораки за како младите да се охрабрат почесто да пристапуваат на општините кога се соочуваат со проблеми во нивното место на живеење.
Документот можете да го прочитате на следниот линк.
Локалните средби се дел од проектот „Младински политики за подобар животен стандард на млади од помали средини“, кој е овозможен со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.