Барај
Close this search box.

Одржани два регионални турнири во Штип и Битола – Национално дебатно првенство

На 16 и 17 март се одржаа два регионални турнири во Штип и во Битола, каде учество земаа повеќе од 70 учесници, дел од натпреварите во рамките на Национално дебатно првенство 2013.

Минатиот викенд  во Битола, на дебатниот турнир кој се одвиваше во просториите на СОУ „Таки Даскало“ учество земаа дебатери од Неготино, Кичево и Битола и Велес. Во финалето на турнирот дебатираа тим од Кичево и тим од Велес. Победник во финалето на овој турнир е тимот од Кичево составен од Едмонд Абдиу, Ана Дујковиќ и Имет Ристеми, а се  натпреваруваа со тимот од Велес составен од Бојана Ѓуровска, Ања Несторова и Кристијан Милошевиќ.

Дебатниот турнир во Штип се одвиваше во просториите на СОУ „Коле Нехтенин“ , каде учество земаа дебатери од Делчево, Кратово, Гевѓелија и Штип. Во финалето се натпреваруваа домаќините на настанот каде што првото место го освоија Ева Георѓиева и Стефан Ѓоргиев, Јована Георгиева а второто место го освоија Михајло Донев, Христијан Тасевски и Никола Крстев.

На регионалниот дебатен турнир во Штип и Битола, средношколците дебатираа на тезата „Употребата на илегални дигитални алатки за постигнување политички цели треба да се декриминализира“, тема која поеднакво е важна за сите нив и која станува се повеќе актуелна и во домашен и меѓународен контекст. Распределени во тимови, средношколците дискутираа за оправданоста на користење механизми кои не се дозволени за постигнување на цели кои се неопходни за демократско општество. Во дебатата беа соочени принципите на приватноста и безбедноста наспроти начелата на демократијата, слобода на изразување и транспарентност на институциите.

Преку дебатата младите имаат можност да го искажат својот став на теми од големо значење за сите млади во Македонија кои подеднакво ги засегаат.

Регионалните турнири во Штип и Битола се дел од циклусот турнири организирани од МОФ во рамките на Националното дебатно првенство. Најдобрите 4 тима од секој турнир ќе учествуваат на финалниот национален дебатен турнир во Скопје. Регионалните турнири беа поддржани од СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и СОУ „Таки Даскало“ во Битола. Националното дебатно првенство вклучувајќи ги Регионалните турнири се овозможени од Фондација Отворено општество Македонија и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Преземи рангирање на говорници од турнирот во Штип
Преземи рангирање на тимови од турнирот во Штип

Преземи рангирање на говорници од турнирот во Битола
Преземи рангирање на тимови од турнирот во Битола

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: