Барај
Close this search box.

Одржани обуки на тема – Understanding terrorism 101

Колку знаеш за тероризмот, кои се проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Нигерија и дали постои потреба од меѓународна воена интервенција, беа само дел од прашањата кои беа покренати на вчерашните обуки одржани во просториите на Младински образовен форум.

Во пресрет на Националното дебатно првенство, обуките ги посетија средношколците кои учество ќе земат на истоимениот турнир, каде ќе дебатираат на тезата: “THBT international military intervention against Boko Haram is justified, regardless of the views of the Nigerian government.”

Настанот започна со предавање на тема тероризам, каде Марија Мирчевска зборуваше за причините за појава на тероризмот, видовите на терористички групи и проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Нигерија поради присуството на Боко Харам. Георги Велковски и Лазар Поп Иванов говореа на тема меѓународна воена интервенција, принципите на меѓународнота заедница и дали има потреба од истата за да се сопре Боко Харам. Обуките завршија со анализа на тезата која учесниците ќе ја дебатираат на престојниот турнир.

Со завршување на обуките се финализираа подготовките за Националното дебатно првенство кое секоја година го избира националниот шампион, престставник на Македонија на европското дебатно првенство Heart of Europe.Годинава турнирот на кој учество ќе земат повеќе од 100 дебатери и 50 судии ќе се одржи на 24ти, 25ти и 26 април во просториите на Универзитетот ФОН.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: