Барај
Close this search box.

Онлајн кампања #НеСмеЃубре

Оваа акција има за цел да ги потенцира проблемите кои ни се закануваат на животната средина и да ги редуцира последиците од актуелната пандемија и нашето однесување кон природата. Примарен фокус е константното работење за подигнување на свеста кај младите за животната средина. Со оваа инцијатива програмата Младински активизам се стреми кон возобновување на природата и свесноста на младите за овој значаен сегмент од целокупното општество.

Во рамките на кампањата, се поднесе и барање до Општина Тетово со цел да ни помогнат при санирање на одредени диви депонии, ѓубре и остатоци од негрижењето кон природата кои ги мапираа членовите на програмта.

Дополнително, по речиси една година помината во затворени простори, со минално и ограничено движење, луѓето започнаа повеќе да ја ценат животната средина. Пандемијата не натера да ја набљудуваме природата поблиску и повнимателно и почнавме да ја наоѓаме вредноста на здравите екосистеми.

Оваа кампања е во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: