Онлајн кампања: Силеџиството во твоето училиште

2020
Силеџиството е една од најзастапените форми на непријателско однесување во нашиот воспитно-образовен систем. Од најмала возраст, речиси секое дете во текот на едукативниот процес се соочува со некоја од формите на силеџиство.
Членовите на клубовите Артивизам на Младински образовен форум во рамките на Проектот за младинско изразување изготвија онлајн кампања за силеџиство во средните училишта. Кампањата се одвиваше во неколку чекори. Прво, преку отворен прашалник беа добиени информации, податоци и статистики поврзани со силеџиството и намалување на говорот на омраза помеѓу средношколците. Прашалникот доби вкупно 133 одговори од средношколци од различни средни училишта во државата. Главната констатација беше дека моментално врсничкото насилство е застапено во голема мера во училиштата и дека е проблем на кој треба да се обрне повеќе внимание и да се работи на решавање на истиот. Во вториот чекор младите членови на клубовите со менторството на Панде Ефтимов изработија дизајни според добиените одговори.
Финално, преку онлајн промоција на социјални мрежи беа објавени статистиките и заклучоците од прашалникот во форма на дизајни и беше изработена брошура која беше споделена со средношколци од различни училишта.
Целта на оваа кампања беше да се подигне нивото на свесност и одговорност околу овие прашања.
Сите дизајни можете да ги најдете на следниот линк.