Барај
Close this search box.

Онлајн предавање „Како да се спречи загадувањето од рудниците?“

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, ве поканува да присуствувате на отвореното онлајн предавање „Како да се спречи загадувањето од рудниците?“ Предавањето ќе се одржи во четврток (18.03) и ќе биде одржано од Јаков Тушевски, студент по биологија и Дарио Стојановски, студент по географија.

На предавањето ќе се разговара за распостранетоста на минералните суровини во Македонија, за нивното искористување и последиците од рудниците врз почвата, водата, биодиверзитетот и населението. Предавачите ќе ни ги претстават придобивките од рудниците наспроти краткотрајните и долгорочните последици. Исто така, ќе не запознаат со можните решенија за спречување и намалување на загадувањето предизвикано од рудниците.

Предавањето ќе се одржи на Zoom, во 18:00 часот и ќе можете да го проследите на следниот линк.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: