Барај
Close this search box.

Организирани брифинзи од страна на експерти за бегалската криза

На 12-ти март 2018 во канцеларијата на Младински образовен форум, во склоп на проектот „Приказните на бегалците преку култура и медиуми“, воспоставен од Германското федерално министерство за економска соработка и развој, а управуван од Германското друштво за интернационална соработка, беа организирани брифинзи од страна на експерти од Македонското здружение на млади правници, Легис и Црвен крст. Претставниците на Македонското здружение на млади правници говореа за: правната рамка за барање на азил во Македонија, случаите на прекршување на човековите права и разликата меѓу термините „азилант“, „мигрант“ и „бегалец“. Сандра Томовска од мобилната единица Липково на Црвениот крст говореше за пристапот и начинот на работа со мигрантите и бегалците кои престојуваат и транзитираат во нашите општини, како и за работата на мобилните единици на Црвениот крст. За крај, Мерсиха Смаиловиќ од Легис говореше за историјатот на бегалската криза во Македонија, почетоци и причини за кризата, најголемиот бегалски бран, актуелната состојба во Македонија и за работата на Легис како помош за мигрантите и бегалците. На обуките присуствуваше тимот на новинари, глумци и водители, како и тимот кој го спроведува проектот.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: