Основан е Младински совет во Општина Липково

По повеќемесечните активности и работа, во општина Липково се основа првиот локален младински совет во оваа општина, а дел проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ на Центар за интеркултурен дијалог и Младински образовен форум. Основачкото собрание се одржа на ден 30.01.2015, каде што членовите ја избраа структурата на Локалниот совет, и на кое се изгласа и Статутот според кој ќе работи ова младинско тело.

На Основачкото Собрание присуствуваа 10 од 11 преставници на организации пријавени да се дел од Собранието на Локалниот младински совет:

  1. Библотека „Мендими“ – претставник – Вахид Илјази
  2. Дарданија јон- претставник – Фатон Исмаили
  3. Визион М – претставник – Валон Сакипи
  4. Младински Исламски Формум  – претставник– Хафије Фејзули
  5. Неформална група “Риниа на сл. Ваксинце“ – претставник Блерим Рушити
  6. Неформална група од село Опаје – претставник – Алајдин Арифи
  7. СУ“Исмет Јашари“ – претставник – Шефије Мустафи
  8. Центар за Меѓукултурен Диалог- претставник Илир Османи
  9. Општински хор Липково – претставник Валон Мустафа
  10. Политички подмладок ДУИ- претставник Шабан Саити
  11. Политички подмладок ДПА  – претставник Арѓенд Куртиши

По основање на Локалниот младински совет, локалниот координатор Флорим Реџепи од ЦИД и новоизбраниот Претседател на Управниот одбор, Валон Сакипи го поздравија ново формираниот Младински Совет а исто така и му посакаа успешна работа и имплементација на разновидни проекти во интерес на младите од општината, како и добра соработка меѓу организациите – членки во Младинскиот совет.

Оваа младинско тело ќе ги претставува интересите на младите во општината преку создавање на младински политики. Во составот на Локалниот младински совет ќе има претставници од младински организации, политички подмладоци, претставници од средношколски училишни заедници, како и  неформални групи на спортски и културни здруживања. Простор за приклучување ќе имаат и сите млади од општина Липково кои се гледаат себе како идни поддржувачи на одредени активности на Локалниот Младински Совет.

Иницијативата за основање на Локален младински совет во Општина Липково доби подршка од страна на Општината  и исто така остави простор за понатамошна соработка и поддршка во интерес на младите од Липково.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: