Целите на НМСМ ги утврдуваат насоките според кои што ќе работи во иднина. Цели се: поттикнување на процеси за креирање на соодветни политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите; застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации, преку претставување нивните интереси пред институциите; обединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации; промоција на неформално образование и поттикнување на креирање системи за поддршка на млади на локално и национално ниво; промоција и дејствување кон зајакнување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки; промоција на младински активизам, младинско информирање и активно граѓанство помегу младите; унапредување на еднаквоста, третманот на младите, толеранција и демократијата кај и помегу младите.
Критериумите за членство утврдени со Статутот овозможуваат организациите кои што работата за млади и со млади имаат можност преку нивното учество ги пренесуваат вистинските интереси и потреби на младите луѓе во нашата земја. Критериумите за полноправни членки утврдуваат дека тие треба да имаат млади луѓе во управувачките тела на организациите, да имаат најмалку три годишно искуство во работа на младински прашања, да имаат буџет од најмалку 123.000 денари годишно, како и да имаат опфат од најмалку 300 млади во текот на годината преку најмалку 10 активности.
Притоа младинските организации имаат право на 2 гласа на Генералните собранија, организациите за млади и подмладоците на политичките партии имаат право на 1 глас, додека пак сојузите може да имаат најмногу до 4 гласа.
Целиот процес за основање на Националниот младински совет во Македонија е силно поддршан од Европскиот младински форум кој што е најголемата чадор организација во Европа која што ги преставува и ги застапува правата на младите пред меѓународните институции. Претседателот на Европскиот младински форум Петар Матјашиќ уште еднаш нагласи дека Европскиот младински форум одблиску го следи целиот процес, но уште повеќе го подржува и учествува во градењето на неговите капацитети. Всушност оваа поддршка е дел од стратешката определба на Форумот да работи на поддршка на младинските права. Всушност, основање на ваков совет во Македонија ќе доведе до поголема инклузивност на младите луѓе во Македонија во сите процеси на донесување на одлуки. Европскиот младински форум и во иднина ќе продолжи со директна поддршка на неговата работа се со цел во иднина се исполнат сите критериуми за интегрирање на македонскиот совет во Европскиот младински форум.
Националниот младински совет по неговото основање во Струга пред себе има голем број на предизвици. Пред се НМСМ во следниот период ќе започне интензивна комуникација со сите институции во нашата земја кои што имаат надлежност на младинските прашања се со цел да поттикне структуриран дијалог при донесувањето на одлуките. Пред, НМСМ ќе биде гласен преставник на младинските интереси во нашата земја, а чија што крајна цел ќе биде подобрување на положбата на младите во нашата земја. Истовремено Националниот совет ќе има и голема улога во зајакнување на младинскиот сектор во нашата земја, преку негово вмрежување и поддршка на организациите, а на тој начин директно младите луѓе ќе имаат придобивка во вклучување на поквалитетни и одржливи активности.
На крајот Претседателката Ивана Давидовска нагласи дека очекува институциите и сите релевантни чинители ќе ја препознаат оваа автентична и демократска иницијатива, која што има единствена цел да ги подобри процесите на донесување на одлуки. Со тоа, пак ќе се овозможи диреткно остварување на правата на младите за нивно учество.