Барај
Close this search box.

Отворен ден со Локалниот младиски совет во Липково

Локалниот младински совет на Општина Липково во сабота, на 07.03.2015, го организираше првиот јавен настан во општинската сала во Липково, кој имаше за цел запознавање на младите од општината со Локалниот младински совет како и со можностите како да се зачленат во Клубот на млади на ЛМС. Акцијата е дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“ на Младински образовен форум и Центар за интеркултурен дијалог, а финансиран од Европската Унија.

Настанот започна со презентација на Локалниот младински совет и начините како можат младите да се придружат, како и минатите активности кои доведоа до основање на советот, неговите успеси и предизвици. Присутните имаа можност да работат во помали фокус групи каде што дискутираа за прашања кои ги засегаат нив како млади. По работата следешеи  презентација и дискусија за нивните идеи како да се насочи работата на Клубот на млади на ЛМС.

Настанот е од голем успех за ЛМС Липково, бидејќи успеа да собере задоволителен број нови млади членови.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: