Младински културен центар – Битола распишува повик за волонтери во склоп на проектот Локален волонтерски сервис.
Волонтерите на возраст меѓу 18-35 години ќе бидат сместени на позиции во општинските администрации, правосудни органи, државни органи и агенции, подрачни министерства и во граѓански организации кои работат на полето на човекови права и со маргинализирани групи.
Вкупно 60 волонтери ќе бидат ангажирани по 3 месеци со покриен волонтерски надоместок за храна и превоз во следните градови: Битола, Скопје, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Свети Николе и Тетово. Почетокот на волонтирањето ќе биде во јануари 2012 година.
Повикот за волонтери во Скопје се реализира во соработка со Младински образовен форум.
Локалниот волонтерски сервис (ЛВС) е структура која работи на развој и имплементација на квалитетен систем за волонтерски менаџмент и дава придонес за решавање на проблеми во локалните заедници со воспоставување на рамнотежа помеѓу потребните и понудата на човечки ресурси.
Новиот циклус на Локалниот волонтерски сервис е поддржан од National Endowment for Democracy – NED.
Волонтирањето не е бесплатна работна сила, туку сила која креира и развива! Биди дел од локалниот волонтерски сервис… Пријави се!
Пријава можете да побарате на sanja_bozovik@mof.org.mk или истата да ја преземете од тука.
Краен рок за поднесување на пријавите е 12 декември (понеделник) 2011 година.