Младински образовен форум годинава ја организира првата летна академија за Британска Парламентарна дебата во хотел Пела, Охрид во периодот 9-14 јули. Во склоп на академијата ќе се одржи и турнир во БП формат со 4 прелиминарни рунди и финале.
Право на пријавување имаат сите студенти кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за БП дебата, независно од тоа дали досега имаат посетувано некои предавања или тренинзи на оваа тема. Бројот на учесници е ограничен на 32. Во случај да се пријават повеќе од предвиденото, приоритет за учество ќе имаат студентите кои слушале предавања во БП клубовите на УКИМ.Aпликацијата е отворена до 1 јули. Избраните учесници ќе бидат известени до 3 јули.
Предавањата ќе ги држат дебатните тренери од МОФ, а предвидени се и гости предавачи. Работен јазик на академијата и турнирот е македонски.
На учесниците ќе им биде покриен превозот до Охрид и назад, сместувањето како и сите потребни материјали за работа на Академијата. Пристигнувањето во Охрид е на 9ти јули претпладне, а заминувањето од Охрид на 14ти јули попладне.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, контактирајте не на debata@mof.org.mk.
Сите заинтересирани треба да ја пополнат следната пријава: