Во склоп на проектот Транспрарентност во образованието (ТЕН), имплементиран од МОФ во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, поддржан од Education Development Center (EDC) и USAID, објавуваме отворен повик за пријавување на учесници на “Тренинг за младински активисти: Градење на транспарентен образовен систем“. “Транспарентност во образованието“ е проект кој МОФ заедно со Универзитот на ЈИЕ го спроведува од 2009 година. Проектот има за цел да придонесе кон создавање на транспарентни високообразовни институции, преку зајакнување на институционалната и правната рамка, како и да придонесе за јакнење на етичките вредности кај сите членови на академската заедница. До сега беа релизирани различни активности: семинари, конференции, трибини, видеоконкурси, јавни кампањи.
Профил на учесници:
- Студенти на било кој универзитет во Македонија (приватен или државен)
- Мотивирани да бидете активни учесници и младински лидери во промоција на транспарентен високообразовен систем
- Со желба за активно вклучување во движењето за студентски активизам и промоција на етички вредности меѓу сите актери во високообразовниот процес.
Со учество на тренингот добивате право да бидете дел од активните учесници во спроведувањето на проектните активности и станувате дел од младинскиот тим кој ќе работи на креирање на национална јавна кампања за промоција на транспарентност во високото образование.
Тренингот ќе се оддржи 05 и 06 февруари 2011 година. Работен јазик на тренингот е македонски, со поддршка на албански јазик. Пријавувањето е по електронски пат, со испраќање на пополнета апликација на македонски и англиски јазик (која можете да ја сименете од веб страната на МОФ) и ваша кратка биографија (CV) на
katerina_todorovska@mof.org.mk
Краен рок за пријавување е 28 јануари 2011.
An English version of the Call for applications:” Training for youth activists: Building transparent education systems” is available for download here. An English version of the application form is available for download here
Формулар за пријавување