Отворена е регистрацијата за ENGAGE 2020

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на деветтото издание на ENGAGE- Kонференција за социјален активизам.

На 22 февруари (сабота) 2020 година со почеток во 12:00 часот, во МКЦ- Скопје, домашни и странски активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, социјална промена, дигитална демократија, слобода на говор, животна средина, технологија, правата на ЛГБТИ заедницата, иднината на образованието и медиуми. Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн, така и во физичкиот простор.

Со 15 говорници, ENGAGE ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

Регистрацијата за настанот е отворена, а можност за учество ќе имаат првите 300 пријавени учесници за конференцијата. Сите информации за ENGAGE можете да ги најдете на веб страната на конференцијата engage.mk.

Говорници на ENGAGE Main Stage (Кино Фросина):

– Alina Aflecailor, Greenpeace, activist and human rights educator / Empowering the next generation of environmental activists.

– Sara Mardini, human rights activist / Ending up on trial for saving lives – the story of the trained rescuer Sara Mardini.

– Katarzyna Pruszkiewicz, journalist / Infiltrating in a troll farm as an undercover reporter, the experience and the goal.

– Michał Woźniak, hacker and activist / Technology and the future of democracy.

– Dan Lahav, IBM computer scientist and debater/ If a machine can do it, so can a politician – how creating a debating machine can influence the improvement of the public discourse.

– Антонио Михајлов, Skopje PRIDE / Првиот прајд во Скопје – Солидарност, еднаквост, слобода.

– Горан Кунгуловски, доктор и био-инженер / CRISPR технологија: каде сме сега и во кој правец се движиме.

– Бесиан Мехмети, архитект / Училишта од иднината: Нови можности за подобро образование.

– Кирил Пржо Арсовски, биолог и еколог / Каде има чад, таму има климатски промени – шумските пожари и животната средина.

– Калиа Димитрова и Ена Бендевска, Медуза / Приказната на Медуза: Заземање на јавниот простор кој ни е потребен.

Говорници на ENGAGE Youth (Горно фоаје на МКЦ):

– Тимот Андромета, креатори на апликацијата SpeakOut / Како тимот Андромета ја погоди метата во центар со креирање на SpeakOut апликацијата.

– Сашо Јандрески, средношколец кој измисли уникатен медицински шприц / Од волонтирање во болница до создавање на револуционерна медицинска иновација.

– Rita Behadini, activist / Rita’s journey: How one girl put a smile on the faces of 145 students?

Листата на говорници сѐ уште не е затворена, stay tuned.

Во изминатите девет години ENGAGE стана еден од најголемите собири за поединци и заедници во нашата земја и тоа е единствениот настан за активизам кој е организиран континуирано секоја година. Настанот нуди место за дискусија, иновација, креативност, зајакнување и развој во нашето општество и отвора дебата за статусот на слободата, правдата и еднаквоста, човековите права, младинските прашања и развојот на модерната демократија.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.