Барај
Close this search box.

Отворена програма во живо на Радио МОФ #protestiram #martin

Радио МОФ, на 16.06.2011 (четврток), ќе се обиде преку отворено студио и програма во живо да пренесе низа различни видувања поврзани со протестите за запирање на полициското насилство и убиството на Мартин Нешковски. Отвореното студио ќе започне во 13 часот и ќе трае до 18 часот, за кога се закажани дневните протести.

Со тоа се надеваме дека ќе помогнеме во креирањето на соодветна слика за случувањата.

Во рамките на отворената програма на Радио МОФ, својот став ќе го пренесат граѓани,
активисти и претставници на организации, меѓу кои:

Дејан Велкоски / @vnukot / www.vnukot.blogspot.com
Филип Стојановски / @razvigor / Метаморфозис
Мите Кузевски / @kuzevski / Центар за нови медиуми
Дарко Букдиоски / @darko156 / Центар за нови медиуми
Даниел Калајџиев / @daniol_ / ХЕРА
Мирко Попов / @mirkopopov / ПМГ рекордингс
Васил Ѓуровски / Беи Д Фиш
Александар Митров / Ленка
Стефан Бошковски /Ленка
Ивана Драгшиќ / @unexploded_yet / Плоштад Слобода
Кристина Озимец / @ozimec333 / Макфакс
Манос Москопулос / @maledictus / Граѓански активист од Грција
Џабир Дерала / @
XhabirDeralla / Цивил
Харалд Шенкер / @hschenker / Политички аналитичар
Небојша Гелевски / @
banekoma / Граѓански активист

Студиото на Радио МОФ во текот на целото попладне ќе биде отворено за дискусија за сите кои се заинтересирани да го споделат својот став на темата.

Дополнително, вашите ставови можете да ги пренесете на Фејсбук на facebook.com/RadioMOF и на Твитер на @RadioMOF.

Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, се обидува да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.

www.radiomof.mk

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: