Отворена првата канцеларија на средношколска заедница во Велес

На 09 мај 2014, во Велес во организација на Младински образовен форум, со локална поддршка од Фокус – Велес училиштето и средношколската заедница при ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес ја отворија првата канцеларија на средношколската заедница во Велес. Канцеларијата ја отворија учениците во хемиското училиште „ Димитрија Чуповски“ каде заедницата функционира повеќе години но учениците не знаат дека постои.

„Ја отворивме со помош на МОФ и ФООМ сакајќи нашата работа да добие на јавност но и да поттикнеме активности кои ќе ни помогнат оваа канцеларија да почнат да ја чувствуваат за своја учениците кои учат во училиштето,“ рече претседателот на средношколската заедница Александар Арсовски.

Тој е ученик во втора година во хемиското училиште. Учи во насоката фармацевски техничар и очекува канцеларијата да ја посетуваат сите ученици кои имаат желба за доброволна работа, за консултации и мислења, за соопштување на свои прашања поврзани со образовниот процес и за посочување на проблеми.

– Анкетата што ја спроведовме беше анонимна. Она што го дознавме од неа е случај што го посочил ученик кој бил навредуван од професор. Тој заслужува внимание како и забелешките на професорите кои исто така биле предмет на навреда од ученици. Она за што е отворена оваа канцеларија е и можноста да се слушнат нашите забелешки поврзани со начинот на кои професорите не оценуваат па и за позитивните примери и професори кои ги имаме. Тука, во овој простор сакаме да зборуваме за квалитетот на наставата, за опремените лаборатории, кабинети но и за евентуалното доопремувањефалбитесакаме работи неколку години отворија канцеларија на средношколска заедница. Ќе функционира со цел средношколците во неа да се собираат, да разговараат за проблемите, да креираат активности и да донесуваат одлуките поврзани со наставата и образовниот процес, рече Александар.

Непостоењето на модел на средношколско организирање во Македонија беше голема пречка за развивање на неформалното образование рекоа од МОФ на денешното отворање на средношколската канцеларија.

„Ова е нов модел на средношколско организирање и ова е првата канцеларија што ја отворивме во средно училиште во Македонија. Во неа ке се промовираат активностите на средношколците како заедница за да може да се запознаат со своите права и да се вклучат во донесувањето на одлуки во училиштето. Досега, според истражувањето на МОФ од 2012 година, средношколците се исклучени од процесот на донесување на одлуките. Тие не треба да се задоволни само со донесената одлука каде ќе одат на екскурзија или каде ќе ја организираат матурската вечер туку треба да учествуваат во донесените одлуки со кои се креира поквалитетното образование преку образовниот процес во своето училиште“, рече Антонио Данаиловски од МОФ.

„Учениците сакаат да бидат слушнати, да се слушнат нивните барања. Сметам дека Правилникот ќе внесе промени и нивниот глас ќе допре до професорите и органите на училиштето“, рече Аризанова.

Велес е еден од вкупно петте градови во кои МОФ и ФООOМ ќе помогнат да се отворат канцеларии на средношколските заедници. Очекувањата се дека набрзо оваа форма на средношколско организирање ќе ја има во секое училиште во Македонија.

Сподели