Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме на отворените младински денови наменети за младинските и организациите за млади од Скопскиот регион. Целта на овие настани е младинските и организациите за млади подобро да се запознаат со процесот на аплицирање за Основачкото собрание на Национален младински совет, како и нивна детална информираност околу целата иницијатива.
Отворените младински денови ќе се оддржат на 3 јуни во Скопје и тоа:
3 јуни, 2013 (понеделник) – во просториите на “Младинскиот образовен форум” – Скопје од 10:00-16:00 часот (локација: ул. Дренак 34А, 1000 Скопје).
3 јуни, 2013 (понеделник) – во просториите на “Сојуз на извидници на Македонија” – Скопје од 10:00-16:00 часот (локација: Дом на градежници – Скопје).
Иницијативата за основање на Национален младински совет е во завршна фаза. Во периодот февруари-мај, 2013 беше одржан еден широк консултативен процес со организација на 10 јавни дискусии низ целата земјa каде беше дискутирана потребата на основање на НМС, но и беа согледани потребите на сите младински организации низ земјата. Понатаму, од 16-ти мај до 10 јуни, 2013 е отворен повикот за апликации за Основачкото собрание на Националниот младински совет, кој ќе се одржи од 28-30 јуни, 2013.
Иницијативниот Одбор за основање на Национален Младински Совет е тело составено од 16 невладини организации. Самиот Одбор беше формиран за време на деновите на младинско вмрежување, кои се одржаа во Дојран, од 25-28.10.2012. Учество земаа 36 младински организации и организации за млади коишто заедно ја поставија основната предлог структура на идниот Совет. Иницијативниот Одбор го доби мандатот да ја разработи и усоврши, како и да го подготви Основачкото Собрание.