Отворено писмо: Иницијативата за граѓански референдум е значаен исчекор за граѓанско учество

Младински образовен форум јавно ја изразува својата поддршка за иницијативата за референдум во Општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар – Скопје.

МОФ е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и  младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики. Нашата организација се застапува за промоција на младинската информираност, учество во носењето одлуки и преземање на иницијативи за унапредување на сопствената средина и живот. Референдумот е начин за да се поттикне дирекното учество во политичките одлуки, свеста за сопствената заедница и околина и да се практикува активно граѓанство.

Од овие причини, сметаме дека иницијативата за прв граѓански референцум во Центар е клучен момент во развојот на граѓанското општество и активната улога на граѓанинот во процесот на донесување одлуки. Референдумот е алатка за поттикнување на граѓанското учество и искажување на сопствениот став и значајна за градење на довербата во системот. Оваа алатка ја гради и еднаквоста на граѓаните и нивното обединување над различностите кон прашањата кои заеднички ги засегаат.

Затоа, потенцираме дека ова е особено значаен момент за демократијата и ги поттикнуваме граѓаните, здруженијата, неформалните групи и сите кои се чувствуваат засегнати и кои ги делат овие вредности да дадат своја поддршка. Апелираме до советниците на Општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум, со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализраат своето уставно загарантирано право.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: