Предавање за Правото на самоопределување

Младински образовен форум ве поканува на првото отворено студентско предавање на тема „Правото на самоопределување: историски развој и идни предизвици“ организирано во рамки на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено Општество. Предавањето ќе се одржи на 16ти април 2019 (вторник) со почеток во 18:00 часот во просториите на Јавна Соба, Скопје

Предавач на ова предавање ќе биде Бошко Станковски, кој е докторанд по меѓународно право на Универзитетот во Кембриџ. Има магистрирано меѓународни односи на истиот универзитет како OSF/Chevening стипендист, здобивајќи се со највисока оценка за својата магистерска теза. Во текот на академската 2014-2015 година, тој беше истражувачки соработник на Правната школа на Универзитетот Харвард, за што беше добитник на Civil Society Scholar Award. Досега бил ангажиран како експерт-консултант за повеќе меѓународни организации.

За предавањето :
Правото на народите на самоопределување првпат се споменува на почетокот на 20-тиот век како политички принцип за подоцна, со формирањето на ООН и процесот на деколонизација, да прерасне во задолжителна норма на меѓународното право со jus cogens карактер. Со распадот на поранешна СФРЈ и СССР, правото на самоопределување првпат се поставува во пост-колонијален контекст, а неговата примена наидува на бројни контроверзи и е предмет на различни интерпретации. Целта на оваа предавање не е само да даде приказ на некои од најзначајните предизвици поврзани со правото на самоопределување туку, користејќи го како пример, да ја објасни преку него комплексната динамика на развојот и примената на меѓународното право.

Изборното предавање е организирано во рамки на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондациите Отворено Општество. Целта е алумни стипендистите, преку своето стекнато знаење на различни престижни универзитети и факултети, да придонесат кон развој на општествениот дискурс помеѓу младите во државата, преку нивно информирање за релевантни општествени теми.
Ова предавање е првото изборно предавање од циклус предавањата организирани од страна на Младински образовен форум.

Во текот на месеците април – јули 2019, МОФ ќе организира уште 4 предавања поврзани со различни општествено релевантни тематики.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.